Денеска европските берзански индекси се во најголем дел во пораст, а истовремено е забележан пад на цената на нафтата и скок на цената на златото.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:00 часот порасна на 17.944,15 поени.
францускиот CAC 40 на 8.172,86 поени, лондонскиот FTSE 100 на 7.743,25 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.295,06 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 38.905,66 поени, индексот S&P 500 на 5.150,48 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.128,53 поени пред отворањето на берзата денеска.
Според податоците од берзата, цената на суровата нафта паднала на 80.787 долари, а на нафтата од типот брент на 85.014 долари.
На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 26,4 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.167,09 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,3185 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08805, што е приближно исто како во четвртокот.