Свет

Европските метрополи се подготвуваат за Божиќ

Европските метрополи се подготвуваат за Божиќ

Европските метрополи се подготвуваат за Божиќ. Во Словенија, Белгија и Естонија ги вклучија празничните светла.

Декорацијата во Љубљана вклучува 50 километри божиќни светилки. За да се заштеди струја, светилките на места ќе светат 10 часа дневно, а не 24 часа.

Во центарот на Брисел сега е осветлена и елката, а празничната атмосфера ја надополнува и традиционалниот божиќен пазар.

Плоштадот пред градското собрание во Талин е претворен во зимска земја на чудата.

Традиционално, централно место зазема раскошно украсената елка.

На Стариот плоштад во чешкиот главен град Прага беше отворен традиционалниот божиќен пазар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни