Свет

Еврото се повлече на најниско ниво во последните два месеци

Еврото се повлече на најниско ниво во последните два месеци

Во утринската трговија во Франкфурт денеска еврото падна на 1,0550 долари, објавија германските сајтови за финансиски информации.

Ова е најниската стапка на единствената европска валута од почетокот на јануари.

Европската централна банка вчера одреди референтна стапка од 1,0545 долари за едно евро.

На девизниот пазар влијаеја вчерашните податоци за пазарот на труд во САД, додека инвеститорите утре го чекаат објавувањето на месечниот извештај за вработеноста и невработеноста.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни