Македонија

Фатен крадец на дело во Скопје, следува пријава

Фатен крадец на дело во Скопје, следува пријава

На 21.05.2023 во 00.10 часот на ул.„Коста Шахов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје.

Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во подрумски простории од куќа сопственост на Л.Т.(62) од Скопје, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни