Наука и технологија

Фејсбук повторно падна, корисниците ширум светот не можат да пристапат до профилите

Фејсбук повторно падна, корисниците ширум светот не можат да пристапат до профилите

Социјалната мрежа Фејсбук повторно се соочува со технички проблеми, поради кои голем број корисници ширум светот во моментов не можат да влезат во своите профили.

Најмногу е засегната верзијата за персонални компјутери, а дел од корисниците пријавуваат потешкотии и со мобилната апликација.

При обид да се најават, на корисниците им се појавува пораката: „Профилот е привремено недостапен. Вашиот профил моментално не е достапен поради проблем со страницата. Очекуваме проблемот наскоро да биде решен. Обидете се повторно за неколку минути.“

Според интернет-страницата „Даундетектор“, прекинот е забележан околу 9 часот, по што бргу пристигнаа пријави од корисници од повеќе земји низ светот.

Последен пат Фејсбук имаше сличен глобален прекин на 12 јуни, кога платформата не функционираше на ниту еден уред.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни