Балкан

Фекално загадување на плажа во Хрватска: Забрането капење поради опасна бактерија

Фекално загадување на плажа во Хрватска: Забрането капење поради опасна бактерија

На плажата во Стон, во јужниот дел на Хрватска, денеска е регистрирано фекално загадување на морето, поради што надлежните апелираат граѓаните и туристите да не влегуваат во вода сè до добивање нови резултати од анализите.

Според соопштението на Дубровничко-неретванската жупанија, при редовното испитување на квалитетот на морската вода е утврдено зголемено присуство на бактеријата Ешерихија коли (Escherichia coli), што укажува на краткотрајно фекално загадување.

Анализите ги спровел Институтот за јавно здравје на Дубровничко-неретванската жупанија, кој соопшти дека измерените вредности ја надминуваат дозволената граница за безбедно капење.

Надлежните најавија дека ќе продолжат со повторно земање мостри од морската вода сè додека не се потврди дека загадувањето е целосно отстрането и водата повторно е безбедна за капење.

За случајот се известени Инспекторатот за заштита на животната средина и другите надлежни инспекциски служби, кои ќе ги преземат потребните мерки за утврдување на причините за загадувањето.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни