„Ти посакуваме да блескаш сјајно каде и да одиш“. Ова го напиша турскиот клуб Фенербахче во постот на социјалните мрежи со кој информираше официјално за разделбата со македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.
Се вчитува...
Се очекува денес Елмас да ги мине лекарските прегледи, по што и официјално ќе биде промовиран како засилување на Наполи. Аурелио Де Лаурентис за поранешниот член на Работнички ќе издвои околу 15 милиони евра.
