Балкан

Фестивалот „Зимска бајка“ за еден ден го посетиле 130.000 луѓе

Фестивалот „Зимска бајка“ за еден ден го посетиле 130.000 луѓе

Околу 130.000 луѓе во саботата го посетија фестивалот „Зимска бајка“ лоциран во Сава парк во Белград на вода, соопштено е денеска на официјалната веб-страница на фестивалот „Зимска бајка“.

„Зимска бајка“ го вклучува лизгалиштето „Ледено Царство“ со површина од 860 метри квадратни и новогодишни украси од околу 130.000 светилки, а посетителите можат, покрај голем избор на содржини за деца, како возење на рингишпил или фотографирање со Дедо Мраз голем избор на локална храна, чаеви и вина.

Фестивалот „Зимска бајка“ ја вклучува новогодишната прослава, како и прославите на Божиќ и Нова година според јулијанскиот календар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни