Македонија

Филипче откри со која вакцина се вакцинираат пратениците

Денеска во спортската сала А1 почна имунизацијата на пратениците во македонското Собрание. Вакцинацијата која започна во 10 часот ќе трае до 18 часот.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека македонските пратеници ќе се вакцинираат со руската вакцина „Сптуник В“.

Талат Џафери, претседателот на Собранието изјави дека тој ги пријавил за вакцинација сите 120 пратеници, а нивно право е да решат дали ќе се вакцинираат или не.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни