Македонија

Филипче: Паричниците и фрижидерите на граѓаните се празни, растат само долговите!

Филипче: Паричниците и фрижидерите на граѓаните се празни, растат само долговите!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека по две години од Владата на ВМРО, резултатите се поразителни – паричниците и фрижидерите на граѓаните се празни, растат само долговите.

„Нацијата и државата се пред колапс. Од ветеното пред граѓаните пред скоро 2 години, нема исполнето ниту 20%. А граѓаните тоа секојдневно го чувствуваат, поради тоа што паричниците веќе им се празни, исто како и фрижидерите.Нема гордост како што ветуваа, нема достоинство како што ветуваа, единствено нешто шпто оваа власт што донесе е незивесна иднина и без перспективност”, рече Филипче.

Тој додаде дека во изминатите две години единствено нешто што е зголемено се долговите на државата. Животниот стандард падна, власта не презема ништо за да го спречи неконтролираниот раст на цените, сиромаштијата е во пораст, а луѓето, посебно младите, се иселуваат.

„Падна животниот стандард, сиромаштијата е во пораст, луѓето, посебно младите, се повеќе се иселуваат. Цените во маркетите растат без контрола. Ова власт после зголемувањето на цените на енергенсите, на горивата, не направи ништо да го спречи растот на цените. Предупредувавме дека ако почне спиралата на зголемување на цените, тие никогаш немаат се вратат на почетната позиција“, рече Филипче.

Воедно, Филипче посочи дека ниту платите не го следат растот на цените и високата инфлација. 

Инфлацијата е двојно поголема од таа во Европа.Потрошувачката кошничка достигна речиси 70.000 денари. Семејството со минимална плата не може да се преживе месецот.

Платите каснат. Има државни јавни институции во кои што платите се исплќаат околу 20 во месецот. Мицкоски кажува дека сме биле трета економија во Европа, луѓето веќе се подсмеваат на ова, министерката за финансие предвидуваше банкрот на некои големи европски земји – едноставно циркус“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни