Филипче: Прогласивме епидемија и повикавме на вакцинирање пред една година, ако тогаш не прогласевме, сега државата би била парализирана од илјадници случаи

Министерот за здравство Венко Филипче денеска одговори дека Епидемијата од морбили е последица и резултат на пад на колективниот имунитет и рече дека тие одамна започнале соработка со Зравствената организација кога имало повик за вакцинација.

„Би ги одделил двете болести грипот и морбилите. Грипот е сезонски и очекувана е оваа бројка на пациенти и да потенцирам дека е дури и процентуално помала од минатите години о е нешто што се случува во сите земји на регионот. Меѓутоа морбилите е нешто што требаше порано да се направи за да се спречи. Тоа е евидентно дека резултатот е пад на колективниот имунитет. Ние за ова со здраствената организација ја започнавме соработката уште минатата година кога повикавме на вакцинизација на денот на имунизација.“

Министерот додаде дека сега Владата и Министерството за здравство го плаќаат данокот уште од 2014 година  и биле критикувани што пред извесен период биле критикувани затоа што за неколку случаи прогласиле епидемија и како што рече тој ако тогаш не прогласевме, сега веројатно ќе беше државата парализирана од илјадници случаи.

 

Колективниот имунитет почнал да паѓа уште од 2014 година и сега ние го плаќаме данокот на тој процес. Прогласивме епидемија многу рано. Бевме обвинувани зошто за толку малку случаи сме прогласиле епидемија.  Ако тогаш не прогласевме сега веројатно ќе беше државата парализирана од илјадници случаи.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното