Филипче: Се подготвуваме за новиот бран, ќе нема целосен карантин ако се почитуваат мерките

Венко Филипче, министерот за здравство засега ја исклучи можноста за целосен карантин, и верува дека ќе нема такво нешто ако се почитуваат мерките.

Се вчитува...

„Верувам дека нема потреба од целосен карантин, и ќе нема ако ги почитуваме мерките. Но, подготвуваме план затоа што видовме искуство од многу други земји. Израел, Франција, Велика Британија, и во таа смисла се нашите подготовки.

Доколку има рестрикции, прво тие би биле на локално ниво. Се надевам дека нема да дојдеме до ситуација да имаме целосен карантин или рестрикции на територијата на целата земја“, рече Филипче.

.

Извор: ТВ21