Македонија

Филипче со синот Иво навиваат за Македонија

Филипче со синот Иво навиваат за Македонија

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче објави на социјалните мрежи фотографија како е во очекување на стартот на натпреварот Португалија-Македонија

„Знам дека одново ќе испишеме историја и силно верувам во нашите фудбалери. Македонската репрезентација е сплотена, силна, мотивирана како ниедна во светот и вечерва ќе го даде најдоброто од себе“, напиша Филипче на Фејсбук.

„Само напред и храбро дечки, вечерва нема што да загубите! Ги освоивте срцата на Европа и светот и ја промовиравте државата како никој никогаш во минатото. Вие станавте симбол за тоа како малите можат да ги победат големите. Верувам во вас, верувам во оваа репрезентација, одиме на светско првенство!“, додава Филипче.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни