Филипче: Состојбата во болниците е добра, има доволен број на слободни болнички кревети

Министерот за здравство Венко Филипче за ТВ21 посочи дека состојбата во болниците е добра, односно дека има сосема доволен број на слободни болнички кревети.

Се вчитува...

„Се намали притисокот и во останатите одделенија, освен скопските ширум државата. До пред некоја недела имаше еден краток временски период во којшто навистина немаше место, па сите пациенти се праќаа во Скопје“, посочи министерот Филипче.

Тој додава дека во ниту еден момент не се преполниле скопските болнички капацитети.

„Околу 25 проценти од вкупниот број на новодијагностицирани се асимптоматски, мнозинството од другите пациенти се со лесна клиничка форма, околу 15% од вкупниот број на дијагностицирани се хоспитализирани“, истакна Филипче.

.

Извор: ТВ21