Денеска министерот за здравство Венко Филипче, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот Петре Шилегов, во Клиниката за Гинекологија и акушерство при клиничкиот центар го посетија првото дете родено во 2019 година.
Неговото име е Ведран. Бебето е прво дете на 25-годишната скопјанка Александра Ангеловска. Тешко е 3920 грама и долго 52 сантиметри.
Филипче, Царовска и Шилегов на Ведран му посакаа да биде здрав и жив, а Филипче порача редовно да се вакцинира.
Министерот за здравство информираше дека ноќеска на Клиниката се родиле седум бебиња.
Директорот на Клиниката Игор Самарџиски истакна дека дежурниот тим бил прилично ангажиран со оглед дека имало неколку комплицирани случаи. Минатата 2018 година се родиле вкупно 4.630 бебиња.
Мајката на Ведран од Минитерството за труд и социјална политика доби златник, а Град Скопје ја награди со штедна книшка со 20.00 денари, кадифено мече и бонбониера.
„Се чувствувам прекрасно. Не очекував дека ќе се породам веднаш по Нова Година, но се надевав и ете, се исполни тоа. Породувањето помина во најдобар ред“, изјави Александра Ангеловска, мајката на Ведран.
