Министерот за здравство Венко Филипче ексклузивно во вестите на ТВ21 посочи дека Владата ги прифатила предложените мерки од Комисијата за заразни болести.
Се вчитува...
„Тоа значи дека повеќе нема да има гостување на пејачи и диџеи во угостителските објекти. Потсетуваме повторно дека немаа дозвола за работа, односно во ниту еден момент не добија дискотеките и ноќните клубови. Понатаму се намалува дозволената јачина на звукот на 55 db за да се одржи препорачаната дистанца и се намалува бројот на лица коишто седат на една маса од 12 на 4 лица“, посочи Филипче.
Тој додаде дека овие мерки се едногласно донесени во Владата.
.
