Македонија

Филтри на РЕК „Битола“ во следните три години – 3,5 тони азбесно-цементен материјал ќе се отстранува годинава

За три години ќе се намали испуштањето на штети честички во воздухот откако ќе се постават филтри на сите три блокови во најголемите производител во земјава, РЕК Битола.

„Заврши првата фаза од евалуацијата на понудите од девет пристигнати понуди, седум продолжуваат во следна фаза и сметам дека на овој проект мора да посветиме големо внимание тежок проект над 20 милиони евра. Проект на кој не смееме да ги направиме грешките како во минатато кога се направиле со ревитализацијата на котлите. Кога се дадоа парите, а не се постигнаа перформансите. Очекувам постапките да ги завршиме до крајот на годината, да имаме избран економски оператор и следствено на тоа следните три години да правиме филтри на секој од блоковите“, изјави Васко Ковачевски – директор на РЕК „Битола“.

При денешната посета Ковачевски додаде дека во тек е уште една капитална инвестиција вредна шест милиони евра, а од 15-ти август веќе ќе започнат и работните активности за отстранување на 3,5 тони азбесо-цементен материјал.

„На оваа разладна кула ќе постигнеме и техничко-технолошки перформанси меѓутоа и ќ ги подобриме еколошките перформанси затоа што внатре во кулата има 3.500 тони азбесно-цементен материјал што треба во наредната година да се извади и соодветно да се скалдира“, додаде Ковачевски.

Вицепремиерката Радмила Шекеринска рече дека со доброто работење на РЕК Битола може да се инвестира во еколошки проекти и здравјето на граѓаните е најважно.

„Затоа РЕК Битола  има рекордно производство, затоа РЕК Битола успеа да обезбеди ниски трошоци. И еден дел од парите кои остануваат може да ги инвестираме во еколошки проекти. Здравјето нема цена и затоа рековме дека таму каде државата е сопственик нема оправдување“, изјави Радмила Шекеринска – вицепремиер.

Беше ветено дека границата од 100 милиграми на штетни честички ќе се намали на 20 со што производството се очекува да тече со намалено негативно влијание врз животната средина.

РЕПОРТЕР: ЈОВИЦА ПАУНОСКИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни