Седум лица се приведени во рамки на акцијата на Управата за финансиска полиција, кои се сомничат за злосторничко здружување, даночно затајување, измама и перење пари, дознава Телма. Вкупно во истрагата се опфатени 13 лица и 10 компании.
Според информациите, осомничените продавале нафта во кеш, а потоа парите ги пријавувале како дневен промет преку фиктивни фактури и при тоа барале поврат на ДДВ. Проценетата штета од овие криминални активности изнесува околу 7 милиони евра.
Акцијата била реализирана на осум локации во Липково, Куманово, Желино и Никуштак, во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.