Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко Костадинов се искачи на врвот Казбек

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко Костадинов се искачи на врвот Казбек

Уште еден голем планинарски успех го одбележа градот Битола! Сограѓанот Дарко Костадинов успешно се искачи на моќниот врв Казбек, сместен на Кавказ во Грузија, кој се издига на височина од 5.054 метри.

Костадинов го достигна врвот точно во 8:45 часот по локално време, каде што над облаците гордо го развеа македонското знаме.

Лекција за дисциплина и почит кон планината

За Дарко ова искачување претставувало многу повеќе од обичен спортски успех — било вистински тест за трпение, дисциплина, физичка издржливост и длабока почит кон природата.

„Секој чекор низ снегот и мразот беше чекор поблиску до сонот. На врвот нема многу зборови… само тишина, бескраен хоризонт и гордост што македонското знаме се вее над облаците. Планината не ја победуваме – таа само ни дозволува да застанеме на нејзиниот врв“, сподели тој по успехот.

Со овој голем подвиг, Битола има уште една силна причина за гордост и прослава!

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни