Фокусот на Владата е само за промената на името, Ахмети загрижен за обезбедување на 2/3 мнозинство

Новата влада дојде како реформаторска влада, со ветувања во  многу области од животот како што се пораст на економијата, зголемување на платите, странски инвестиции . Но како што изгледа, владата е фокусирана само за  прашањето за името, и реализација на договорот од Преспа , додека  ветувањата се оставени во втор план. И самиот лидер на ДУИ, Али Ахмети, рече дека Владата повеќе енергија троши во процесот за промена на името.

Иако целиот владин капацитет е фокусиран за  прашањето со името со Грција и во соседските односи, Ахмети меѓутоа вели дека е загрижен за обезбедување на 2/3 парламентарно мнозинство. Според него институциите треба да бидат многу  внимателни, бидејќи процесот се уште не е завршен.

Се вчитува...

Премиерот Заев во текот на вчерашниот ден беше оптимист дека процесот на Уставните измени ќе заврши успешно. Тој рече дека Собранието ќе собере сили за да обезбеди 2/3 парламентарно мнозинство за отворање на Уставот.За уставните измени има јавни дебати во универзитетите. Последните две дебати ќе се одржат во понеделник, во општина Штип и во Универзитетот на југоисточна Европа, во Тетово. Потоа, Владата треба да достави завршен извештај до Собранието  и  да закаже пленарнана седница во рок од 30 дена, за да се ратификува договорот од Преспа.

ИЗВЕШТАЈ: АРТАН НУХИУ

Извор: ТВ21