Децата на американскиот претседател Доналд Трамп профитираа од неговата позиција како претседател на САД повеќе од кое било претседателско семејство пред нив, стекнувајќи огромно лично богатство, пишува денес списанието Форбс.
Тие очигледно ги наследиле инстинктите и амбициите на нивниот татко и дедо, Фред, кој го стекнал своето богатство градејќи 20.000 станови низ Њујорк, пишува весникот.
Доналд Трамп се приклучил на компанијата на својот татко во 1968 година, и од самиот почеток покажал амбиција и непопустливост во стекнувањето богатство, за да изјави за Форбс во 1982 година дека животот е низа битки што завршуваат со победа или пораз.
Форбс: Децата на Трамп се збогатија благодарение на претседателската позиција на нивниот татко