Магазинот „Форбс“ објави листа на најмоќни жени во светот за 2021 година, а за првпат на листата ја нема поранешната германска канцеларка Ангела Меркел.
Според магазинот, третата најбогата жена во светот, Мекензи Скот, поранешна Безос, со богатство од 59,4 милијарди долари (52,6 милијарди евра), се искачи на врвот на листата по одлуката да донира дел од богатството.
Втора на листата е потпретседателката на САД, Камала Харис, трета е Елвира Набиулина која се наоѓа на 60. позиција, губејќи три бода во однос на претходната ранг листа.
На списокот се и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен (8-ма) и претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси (15-та). Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева (22.), кралицата Елизабета Втора (70.), но и Серена Вилијамс (85.), Бијонсе (76.) и Ријана (68.).
