Балкан

ФОТО: Ако сте на одмор во Албанија, засолнете се до 11 часот, доаѓа страшно невреме!

ФОТО: Ако сте на одмор во Албанија, засолнете се до 11 часот, доаѓа страшно невреме!

Словенија под вода, делови од Србија и Хрватска под црвен метео аларм, а за денеска на удар според метеоролозите ќе биде и Албија. Важно е доколку во овие моменти се наоѓате во Албија итно да се засолните пред да започне невремето, за кое според прогнозите треба да започне околу 11 часот.

Ноќта донесе промени во прогнозата, па за денеска се зголемени количините за дожд поради многу висока температура на јадранското море и албанското крајбрежје. Според најавите, долж албанското крајбрежје за шест часа се очекуваат над 50 литри дожд, анализираат од Weather4all.mk за 4NEWS.mk

Метео аларм за 05.08.2023г.

ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

Во Македонија во сабота во утринските и претпладневните часови ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност, ветровито и топло време. Во попладневните и вечерните часови продор на нестабилна и посвежа воздушна маса од северозапад која ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици, локално со услови за појава на невреме проследено со засилен ветер.

Локално се очекуваат да наврнат и до 20 литри дожд во северозападните, северните и североисточните предели. Ќе дува доумерен засилен југоисточен и југозападен ветер кој што ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Минималните температури ќе се движат во интервал од 13 до 23 степени, додека пак максималните дневни ќе бидат во благо опаѓање и ќе достигнат до 26 односно до 38 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни