ФОТО: Артан Груби на средба со амбасадор со виолетови чорапи

Првиот вицепремиер Груби денеска оствари средба со амбасадорот на Република Албанија, Река на која разговараа за координација на деталите од заедничката средба со Владата на Република Албанија која ќе се одржи на 14 ноември во Скопје.
„На заедничка владина седница се очекува да бидат потпишани важни договори, како држави целосно посветени на раст на соработката и продлабочување на односите во повеќе области, вклучително и економската, што истовремено ја зголемува конкурентноста на компаниите во земјите од регионот“, информираат од Владата.
Но, моментот којшто го забележаа многумина е всушност модниот детал на првиот вицепремиер. За оваа средба се одлучил да носи виолетови чорапи.