Празничната атмосфера во Битола денеска беше надополнета со три бали сено на плоштадот „Магнолија“ во Битола.

Битолчани беа изненадени за балите сено поставени на плоштадот, на кои имаше и панделки, па се шегуваа дека се поставени за коњот на Филип Втори кој се наоѓа на плоштадот. Пред споменикот сено беше оставено и пред некоја година за време на „Шарената револуција“.
Се вчитува...
Споменикот на Филип Втори качен на коњ беше поставен на 26 јуни 2011 година во раните утрински часови.
