Балкан

ФОТО: Дрво влетало во спалната соба на жител на Нови Сад – кога се јавиле во комуналните служби, се прекрстиле и си заминале

ФОТО: Дрво влетало во спалната соба на жител на Нови Сад – кога се јавиле во комуналните служби, се прекрстиле и си заминале

Невремето кое носеше се пред себе синоќа во Нови Сад внесе дрво во спалната соба на семејството Асани, кое се нашло таму откако го пробило прозорецот. Решиле да се јават на Градски Зеленила.

Беа таму, се прекрстија, си заминаа, а дрвото уште е таму.

Се се случило во новосадската населба Сателит.

„Вчера за време на невремето дрво падна врз зградата во која живееме и дел од дрвото проби низ прозорецот од нашата спална соба на 4-ти кат. Поради сплет на среќни околности нема повредени“, изјави за Нова.рс сопственикот на станот Алија Асани.

Кога му се јавил на Градски Зеленила, прво му рекле да почека или сам да се обиде да го премести дрвото.

Потоа дошле, но кога виделе како дрво се пробива низ прозорецот, според Асани, се прекрстиле и продолжиле понатаму.

Јелена Прица, помошник-директор на Градско зеленило во Нови Сад, претходно денеска истакна дека службите за зеленило се на терен повеќе од 72 часа и дека невремето што се случи претходната вечер имало поголеми последици во тој град од она во средата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни