Македонија

ФОТО Два авиони кружат, не може да слетаат на скопскиот аеродром поради силно невреме

ФОТО Два авиони кружат, не може да слетаат на скопскиот аеродром поради силно невреме

Силно невреме проследено со дожд, грмотевици и ветер попладнево зафати делови од Македонија. Тоа предизвикува отежнување на авио сообраќајот во земјава.

Во моментов два авиони, еден од Парис и друг од Белград не може да слетаат на меѓународниот аеродром „Скопје“ поради лоши временски услови.

Обиди за слетување воопшто немало, дознава 4NEWS.mk а и двата авиони добиле наредба да го променат курсот на летање поради невремето во овој дел од Македонија.

Невремето утрово го најавивме заедно со нашите партнери Weather4All.

Врнежите од дожд и ветер се очекува да се засилат во попладневните часови и да се интензивираат утре особено во делови од Македонија.

„Југозападно од Скопје се формира нестабилно облачно јадро, со услови за пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град“, информираа од УХМР.

Можно е да е слика од мапа и текст

МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес ќе дува засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 70 км/час). Под влијание на циклонска активност во вечерните и ноќните часови и утре преку денот ќе има врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни (над 40 л/м2). Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни