Свет

ФОТО: Два воза излетаа од шините во Швајцарија

ФОТО: Два воза излетаа од шините во Швајцарија

Во одвоени инциденти денеска во Швајцарија два воза излетаа од шините. Вкупно, повеќе од 10 лица се повредени, пренесе АП, повикувајќи се на полицијата.

Причина за несреќите се силните ветрови и дождови во малата алпска земја.

Инцидентите се случиле во Луцерн и Бурен зум Хоф, во близина на швајцарската престолнина Берн.

Портпаролката на полицијата Бурен зум Хоф изјави дека 12 лица се повредени – 9 возрасни и 3 деца. Еден од нив е тешко повреден. Неколку луѓе се повредени кога другиот воз – за градот Луцерн – излета од шините.

Железничките линии на кои се случија инцидентите се затворени за сообраќај.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни