ФОТО: Еден од главните ликови ќе почине? – Деталите од продолжението на „Сексот и градот“ ги шокираа фановите

Додека целиот свет возбудено го чека продолжението на хит серијата „Сексот и градот“, деталите за тоа дека еден од главните актери ќе почине веќе во првата епизода, на фановите не им се допадна баш.

Веќе и врапчињата на гранката знаат дека се снима продолжението на серијата „Сексот и градот“, наречено „And just like that“, а бидејќи Ким Катрал се откажа од улогата на Саманта Џонс, протекоа информации дека на остатокот од тимот, Кери, Шарлот и Миранда, ќе им се придружи Сара Рамирез, која е добро позната на обожавателите од серијата „Вовед во анатомија“.

На сетот фотографиран е и еден од најпознатите парови на малите екрани – Кери Бредшо и Ѕверката, а малкумина можат да кажат дека биле воодушевени што повторно го гледаат Крис Нота во друштво на Сара Џесика Паркер.

Меѓутоа, има шпекулации дека нема долго да го гледаме.

Имено, како што пишува Дејли меил, веќе во првата епизода ќе почине некој од главните ликови.

Извор од сетот открил дека е во прашање голема смрт, а баш поради зборот „голем“ многумина сметаат дека ликот кој ќе настрада е токму Ѕверот или Mr. Big.

Од друга страна пак, постои шанса смртта да се однесува на ликот на Саманта, која до сега ја глумеше Ким Катрал, што е подеднакво тажно бидејќи многумина ќе приметат дека без Саманта ја нема ни онаа серија на која сме навикнати.

Изворот потврдува дека ликот кој ќе почине дефинитивно не е Кери Бредшо.