Македонија

ФОТО Една година и повеќе било обележано за сечење, но не било отстрането – суво дрво падна и оштети автомобил во Карпош

ФОТО Една година и повеќе било обележано за сечење, но не било отстрането – суво дрво падна и оштети автомобил во Карпош

Жители на скопската населба Карпош повторно алармираат за опасноста од суви дрвја кои со месеци остануваат неодржувани, и покрај тоа што дел од нив веќе биле обележани за сечење.

Во Фејсбук групата „Заедно, за заштита на зеленилото во Карпош“ беше објавена фотографија и сведоштво од жителка на улицата „Волгоградска“, која посочува дека едно од сувите дрвја во близина на станбените објекти било означено со црвената буква „С“ уште пред речиси една година, но досега не било отстрането.

Според неа, друго суво дрво кое се наоѓало веднаш до него се скршило и паднало врз автомобил на сосед, при што било предизвикано сериозно оштетување.

„Другото до него исто суво само се скрши и оштети кола на сосед до тој степен што возилото не е за употреба. Прашањето ми е каде да се реагира што службиве спијат? Дали ќе се чека да падне само од себе врз дете или повторно врз возило“, напиша таа во објавата.

Тие бараат надлежните служби да излезат на терен и навремено да ги отстранат ризичните дрвја, со цел да се спречат нови материјални штети или евентуални повреди.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни