„Фала за секој момент и спомен“.
Со мечиња и листови на кои стојат имиња вечерва учениците се простуваат со своите другарчиња.

Меѓу присутните се и граѓани кои со солзи во очите палат свеќи и оставаат цвеќиња во спомен на деветте лица кои денеска беа брутално убиени од 13-годишен ученик.

Детето утрово со револвер и план влегло во училиштето и убило осум ученици, но и чуварот на училиштето.
