Македонија

ФОТО: Гори автомобил после Гевгелија на автопат за Грција, сообраќајот во прекин

Автомобил од засега непознати причини се запали и се уште гори после Гевгелија на автопатот за Грција, јавува репортерот на ТВ21.

Според информациите од терен, нема повредени лица бидејќи веднаш го напуштиле автомобилот откако избувнал пламен.

Сообраќајот најпрво беше во прекин, а сега се одвива отежнато во овој правец, односно има колона, а на лице место увид изврши полиција.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни