Македонија

ФОТО Хаос на градилиште, се сруши дел од ископот – граѓаните прашуваат: Дали ова е безбедно?

ФОТО Хаос на градилиште, се сруши дел од ископот – граѓаните прашуваат: Дали ова е безбедно?

Граѓаните со недели предупредуваа дека градилиштето на улицата „Теодосиј Гологанов“ во близина на Католичка црква, е небезбедно, а денеска дојде до сериозен одрон на земјиштето.

Според очевидци, земјата се срушила додека багер работел во внатрешноста на ископот, при што пропаднал дел од улицата покрај градилиштето. На фотографиите се гледа огромна дупка, висечки кабли и оштетена инфраструктура, додека дел од коловозот и тротоарот се буквално „влезени“ во ископот.

Жителите од околните згради велат дека уште од стартот предупредувале на небезбедното копање и недостатокот на соодветна заштита. 4NEWS.MK и претходно објавија дека имало свлекување на земјиштето и проблеми со стабилноста на теренот.

За среќа, засега нема информации за повредени лица, но граѓаните стравуваат дека ваквите ситуации можеле да завршат многу потрагично.

Се очекува инспекциските служби и надлежните институции да утврдат дали биле почитувани сите безбедносни стандарди и кој ќе понесе одговорност за инцидентот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни