Македонија

ФОТО: Каде оди Груевски? Фотографиран на аеродром во Будимпешта

Никола Груевски фотографиран на аеродром во Будимпешта, тврди веб сајтот MKDNEWS.COM.

Не е јасно, дали екс-премиерот сега азилант ја напушта Будимпешта или пак само испраќал негови пријатели и гости.

Никола Груевски доби две години затвор за примање награда за противзаконито влијание во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес. Откако пресудата за двегодишната затворска казна во случајот „Тенк“ на СЈО стана правосилна, се очекуваше Груевски да се јави на издржување на казната. Но, тој се јави на Фејсбук од Будимпешта од каде порача дека „ќе остане верен на каузата на Македонија“…

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни