ФОТО: Како изгледа ѕвездата од серијата „Чувари на плажата“, која доживеа бројни непријатности поради нејзината улога

Американската актерка Александра Пол (58) беше многу популарна во текот на деведесеттите години кога ја играше Стефани Холден во серијата „Чувари на плажата“.

Таа ја започна својата кариера како модел во Њујорк, а во 1983 година ја доби својата прва филмска улога откако се пресели во Лос Анџелес. Таа се појави во повеќе од 100 серии и филмови, вклучувајќи ги „Christine“, „Millions“, „Sunset Grill“, „Death Train“ и други.

Нејзината улога во „Чувари на плажата“ и донесе слава низ целиот свет, но и бројни проблеми. Имено, во 2011 година, жената по име Никол Албрет „го нападна“ нејзиниот имот и тоа беше почеток на долгогодишно малтретирање и следење, објави порталот ТМЗ.

Таа во неколку наврати се обраќала во полиција, а десетгодишното вознемирување кулминирало кога Никол удрила во автомобилот на сопругот на Александра.

Тогаш судот пресуди и одлучи Никол да не смее да им пријде во близина од 100 метри на Александра и нејзиниот сопруг Јан.

Актерката смета дека Никол е „опседната со неа поради серијата „Чувари на плажата“, која беше голем хит во Германија, и од каде потекнува Никол“, пишува Daily Mail.

Актерката тврди дека Никол испраќала заканувачки мејлови до нејзиниот сопруг, покажувајќи отворена омраза кон него и верува дека токму нејзиниот маж е тој што ги дели од заедничкиот живот.

Да потсетиме, Александра покрај актерството редовно се занимава со спорт, а позната е и по своето натпреварување во трчање и пливање. Таа е мажена за Јан Мури, парот нема деца, а тие разговараа неколку пати за тоа и открија дека тоа е нивна заедничка одлука.