ФОТО Каменуван автобус со туристи во Грција

Иван Плавшин, директор на агенцијата во чија сопственост е автобусот што беше каменуван и демолиран во Грција, разговараше за „Блиц“ и откри во каква моментална состојба е автобусот, колкава е материјалната штета и како за малку е избегната поголема трагедија.

По инцидентот во Грција , директорот на агенцијата, Иван Плавшин, истакнува дека сега е сосема јасно кој стои зад нападот врз автобусот. Тој нагласува дека станува збор за малолетници, тинејџери кои веројатно не биле ни свесни за сериозноста на своите постапки.

Што повеќе можам да кажам што веќе не е кажано? Сега е дефинитивно дека тоа го направиле малолетници, деца, момчиња. Навистина не знам како да ги наречам, тие деца сигурно немаа поим какви последици би имало нивното однесување – го започнува интервјуто за „Блиц“.

Плавшин додава дека за среќа е избегната поголема трагедија, бидејќи само еден од возачите е полесно повреден. Тој нагласува дека е предизвикана голема штета на возилото , но дека најважно е што никој од патниците не е повреден.

Сите доживеаа стрес, се слушаше гласен звук од кршење на тие прозорци, само среќа е што никој не е повреден освен возачот кој беше удрен од тој камен, и сега е добро. Сите се добро, некои патници дури и проговорија и ги пофалија возачите за нивната смиреност, особено оној зад воланот, бидејќи како што велат, само неговата трезвеност ги одржала во живот – вели тој.

Тој се осврна и на повредите што ги претрпеле вработените.

Само еден возач беше повреден, за среќа. Усната му беше зашиена, а истата вечер беше отпуштен од болница. На самиот автобус беше предизвикана огромна материјална штета, но важно е што ниту еден од патниците не е повреден – вели тој.