14-годишно момче пукало во ОУ „Владислав Рибникар“. Според последните информации од Министерството за внатрешни работи на Србија, 8 деца се убиени и еден чувас. Во болница со повреди префрлени е 6 ученици и една наставничка.
Осомничениот во 8 часот и 40 минути испукал неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец на учениците и обезбедувањето на училиштето.
Таткото на девојчето кое за време на пукањето истрчало од училницата вели дека таа му рекла дека тоа е нивен соученик, инаку одличен ученик, кој со ладен израз на лицето влегол во училницата и пукал.
Ќерка ми беше во тој клас, беше во училницата каде тоа момче ги испука првите истрели во учителката, а потоа почна да пука во децата кои беа под клупите, а моето дете истрча надвор, изјави таткото, пренесуваат српските медиумите.
Наставата во Третата белградска гимназија, која се наоѓа веднаш до основното училиште „Владислав Рибникар“, денеска ќе се одржува онлајн. На родителите на децата им било кажано да не ги праќаат децата на училиште денеска.
Поради масакрот што се случи во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, Ургентниот центар е затворен за сите останати пациенти, кои се пренасочуваат во ВМА, а целиот УЗ е во готовност за да ги прими повредените во престрелката на училиште.