Поврзи се

Македонија

ФОТО: Квиз за одбележување на Неделата за медиумска писменост во Битола

Published

on

Од 5 до 9 ноември оваа година за првпат во Битола со голем број на настани се одбележува Неделата за медиумската писменост. Главен акцент е ставен на слободата на медиумите, слободата на изразување и медиумската умешност и критичко мислење кај младите.

-Текстот продолжува по рекламата-

Здружението Ганимед од Битола во рамки на проектот „Тема за дилема“, а како дел од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ во соработка со ТВ 21 денес, на 7 ноември, реализираше квиз во кој учествуваа сите средни училишта од Битола со свои претставници.

Стекнатото знаење од седумте работилници кои претходно беа одржани им помогна на учениците да одговорат на 36-те прашања, за кои имаа 4 понудени одговори. Реализацијата на квизот одеше по електронски пат, употребувајќи ги најновите технички решенија.

Од седумте средни училишта кои учествуваа на овој квиз, најдобри беа учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ кои дадоа најголем број на точни одговори на поставените прашања.

Здружението Ганимед од Битола во рамки на одбележувањето на Неделата за медиумската писменост распиша и конкурс на тема Медиумска писменост и критичко размислување и тоа во две категории: постер со најдобар слоган и постер со најдобар цитат. Конкурсот е веќе затворен, а како што велат организаторите, интересот од страна на средношколците бил голем. Нè уверуваат дека пристигнале голем број на креативни и оригинални постери.

За победниците на овој конкурс ќе одлучува стручна комисија, а најдобрите 10 постери со цитати и слогани ќе бидат изложени на изложбата со која ќе биде заокружено одбележувањето на  Неделата за медиумската писменост. Овој настан е закажан за 9 ноември 2018 година во Porta Jazz со почеток од 12 часот. За најуспешните ученици следуваат симболични награди.

Медиумската недела се одбележува во светски рамки од 5 до 9 ноември, а најмногу активности се реализираат во Канада, САД и некои европски земји. Членовите од здружението Ганимед велат дека ваквите иницијативи и активности треба да се прават и во нашата земја, за истите да станат традиционални настани кои ќе ја промовираат и афирмираат медиумската писменост, слободата на говор и критичкото мислење кај најмладите.

Овој проект го реализира Здружението ГАНИМЕД од Битола со медиумскиот партнер ТВ21 и е дел од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ кој е спроведуван од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк“ – Центар за европски стратегии. Проектот е финансиран од Европска Унија.

СОДРЖИНАТА НА ОВА ИЗВЕСТУВАЊЕ Е ЕДИНСТВЕНО ОДГОВОРНОСТ НА АВТОРИТЕ И НА НИКАКОВ НАЧИН НЕ МОЖЕ ДА СЕ СМЕТА ДЕКА ГИ ОДРАЗУВА ГЛЕДИШТАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА.

Loading...
Совет за етика во медиуми

Реклама
Македонија

Амбасадорските места останаа празни – нефункционирањето на Собранието донесе нови проблеми

4NEWS.mk

Иџе возеше низ улиците на Скопје

Македонија

Полициски час во Тетово – во центарот на градот се почитува, во околните населби делумно

4NEWS.mk

Во Пијанечко-малешевскиот регион само еден активен случај на Ковид-19

Македонија

Со часови блокирани на граници – „Транзитот преку Унгарија важи само за државјаните на ЕУ“

4NEWS.mk

Ибрахимовиќ се повреди на тренингот на Милан и може да го пропушти остатокот од сезоната

Македонија

„Бетонските бариери како воена тампон зона“ – Исмаили: Има други начини како да се реши проблемот

4NEWS.mk

Чулев: МВР ќе ја испита автентичноста на видеото „Оро“ во Чаир

Македонија

Ќучук: Од самиот почеток ја признаваме Македонија, и сме за ЕУ и НАТО – тоа го должиме на нашите поколенија

4NEWS.mk

Авганистан ослободи 100 талибански затвореници по прекинот на огнот

4NEWS.mk

Семејството Стајиќ, сопственици и основачи на Gulf Oil во Македонија донираат 1 милион денари за семејството на Емилија Динева

Македонија

Американскиот бренд GUESS со моно бренд продавница во Македонија

4NEWS.mk

56-годишен скопјанец ограбен од љубовницата која ја запознал на интернет

4NEWS.mk

Сведоштво на лекарот кој ја изврши експлантацијата на срцето на Емилија

4NEWS.mk

Димитров: Зборувавме со НАТО и ја поправија грешката

4NEWS.mk

Полициски час од 19 во сабота до 05 часот во вторник – 4 починати, 19 новозаболени и 16 оздравени

4NEWS.mk

Мајската пензија ќе се исплаќа од 27 мај

Македонија

Фешн Груп донираше на Институт за јавно здравје апарат што ќе прави тестови за Ковид-19 за 30 минути

4NEWS.mk

Емилија Динева е жената хероина која спаси три животи со донирање на нејзиното срце и бубрези

4NEWS.mk

СДСМ: 100.000 граѓани добиваат платежни картички од 9.000 денари за купување на домашни производи

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Македонија

ВИДЕО: Секоја чест! Полицајци од ПС Бутел спасија мало куче од дупка длабока 4 метри

Македонија

(ВИДЕО) Пенадровски: Да не сум претседател и јас би се иселил од Македонија

4NEWS.mk

Хаварија во ОХИС, неподнослива миризба се шири во околината

Македонија

Сам и со церебрална парализа, во темница, студена соба, со долг од над 200 илјади денари

Реклама