ФОТО: Лимитирана серија – на пазарот излегоа златници со ликот на Ангела Меркел

Германските онлајн продавници за монети со скапоцени метали објавија продажба на лимитирана серија златници со ликот на германската канцеларка Ангела Меркел.

Продажната вредност на монетата започнува од 49,95 евра, соопшти колекционерската куќа МДМ.

Златникот е изработен од чисто злато, а тежи 0,58 грама, примерок 999. Неговата големина изнесува 12,5 милиметри, а тиражот е 5 000 парчиња.

На монетата се наоѓа ликот на Ангела Меркел, изгравиран во 2005 година, кога таа ја презема функцијата канцелар на Германија.

За потсетување, денеска во Германија се одржуваат парламентарни избори, на кои ќе бидат избрани членови на дваесеттото свикување на Бундестагот. За прв пат од 2005 година, Ангела Меркел нема да биде канцелар.

Оваа одлука, веројатно оправдана и со политички замор и со намалување на рејтингот на нејзината партија, беше донесена на 29 октомври 2018 година.

По напуштањето на функцијата, Меркел ќе добива пензија од околу 15 илјади евра месечно.