Македонија

ФОТО: Маска, дистанца, групирање… за кој важат протколите?

Прекршен беше денеска протоколот при отворањето на новиот објект на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците кој Владата го донесе за организирање на прес конференции и други настани во време на корона кризата.

Услови за работа немаше за медиумите, но протоколите не важат ниту за функционерите.

Во донесените протоколи од Влада се вели:

Посебен дел кој се однесува на настани кои се во организација на владини институции, односно на истите има присуство на владини претставници: 

7. На снимателите и фоторепортерите им се препорачува да преземат видео-материјал и фотографии од организаторот на настанот, а со цел да се намали бројот на присутни и да се заштитат присутните од групирање на поголема група на луѓе на ограничен простор;

  • доколку физичките и просторните услови не дозволуваат целосно запазување на мерките за заштита, на новинарите и снимателите им се овозможува пренос на настанот во живо;
  • доколку не постојат технички услови за пренос на настанот во живо, на новинарите и снимателите им се овозможуваат опции кои ќе го намалат бројот на физичко присуство и изложеност, и тоа:
    • а. можност новинарите (сите, или оние кои ќе изберат) да ги постават прашањата преку портпарол или лице задолжено за односи со јавност, кои најпрецизно и буквално ќе ги постават прашањата до говорниците во име на новинарите;
    • б. Во исклучителни ситуации кога условите не дозволуваат да се организира настан во живо или преку дигитални алатки, новинарите имаат можност да ги постават прашањата по електронски пат преку портпарол или лице задолжено за односи со јавност, кои најпрецизно и буквално ќе ги постават прашањата до говорниците во име на новинарите. 
    • в. Доколку во исклучителна ситуација, нема можност за обезбедување на снимка или пренос во живо, прашањата поставени по електронски пат, добиваат одговор на писмено од официјална е-маил адреса на институцијата која го организира настанот. Одговорот на писмено кон медиумот треба да се испрати во најбрз можен рок после завршување на настанот, во текот на истиот ден. Исклучок од овој рок се одговорите за кои е потребен подолг процес на собирање податоци од повеќе институции, за што медиумот треба да биде веднаш известен, а одговорот треба да се испрати во рок од три дена вклучувајќи го и денот кога е поставено прашањето.
Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни