Македонија

ФОТО: Мицкоски кова, Заев фарба – лидерите се „докажуваат“ кој е поголем мајстор

Лидерите на најголемите политички партии, Христијан Мицкоски и Зоран Заев во последните денови од изборната кампања се претставија и како мајстори.

Мицкоски во изборен спот на партијата, доаѓа во дом како мајстор кој ја поправа куќата, на крајот по упатен апел од домаќинот за одмор, тој вели: „Има време кога ќе одмараме, сега е време за обнова“.

Лидерот на СДСМ Заев, при денешните активности, со четка во рака фарбаше дел од оградата и напиша: „Ќе успееме само ако секој од нас ја земе работата во свои раце“.

Партиите за изборна кампања имаат уште еден ден, по што стапува изборен молк и започнува тридневното гласање за предвремените парламентарни избори.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни