Кели Ле Брок, пензионирана американска актерка, се стекна со слава како модел, по што стана најпосакуваната жена во Холивуд во осумдесеттите години, благодарение на улогите на убавиците во филмовите „Women in red“ и „Weird Science“.
Кели денеска има 60 години и ретко се појавува на црвениот тепих и на јавните настани. Меѓутоа, кога ќе се појави тоа што прво се приметува е нејзиното непрепознатливо лице, кое било подложно на бројни естетски зафати и операции. Освен тоа, на изгледот влијаеле и бројните зависности поради кои пејачката можеше да го изгуби животот.

Таа започна да работи на 16 години како модел, а веќе со 19 заврши на насловната страна на „Vogue“. Набрзо потоа пристигнаа и првите понуди за филмови и кариерата на актерка започна во голем стил.

Кели е позната и по турбулентниот брак со јунакот на бројни акциони филмови Стивен Сагал кој траеше од 1987 до 1996 година и со кого има 3 деца.
„Кога ја носев титулата најпосакувана жена не бев воопшто свесна за тоа, што е иронија. Сега кога сум позрела и имам брчки се чувствувам многу попријатно во својата кожа. Среќна сум со себе“, заклучи Кели.
