Последно од низата грешки на владиниот протокол и министерствата, беше погрешното знаме со кое министерот за надворешни работи Бујар Осамани ја пречека министерката на Слвоенија, за што се извина.
Но, и покрај извинувањата од страна на институциите, очигледно проблем има и со учебникарите.
Граѓаните на социјалните мрежи објавија фотографија од учебник по географија за осмо одделение каде што наместо знамето на Португалија, е ставено знамето на Шпанија.

