Македонија

ФОТО+ВИДЕО: Пак пропадна камион на плоштадот Македонија во Скопје

ФОТО+ВИДЕО: Пак пропадна камион на плоштадот Македонија во Скопје

Утрово повторо на плоштадот Македонија во Скопје пропадна камион.

Ова е трет пак возило да пропадне во фонтаната која се наоѓа пред споменикот.

Претходниот пат се чекаше со месеци додека надлежните ги санираа оштетувањата.

Инаку движењето на тешки возила е забрането, но во овој случај се подготвува Пиволенд па возилото има дозвола за дотур на стока.

Со помош на пајак служба ќе се врши обид да биде извлечено возилото.

Површинската фонтана се изгради пред три години кога градоначалник беше Коце Трајановски во рамките на проектот за реконструкцијата на плоштадот кој чинеше 2,5 милиони евра.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни