ФОТО: Папата доби изненадувачки подарок од претседателката на Словачка

Претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, се сретна со папата Франциско во претседателската палата во Братислава.

Чапутова и Папата разговараа лице в лице во Златниот салон на претседателската палата, со помош на преведувач, и наместо предвидените 15 минути, разговорот со Папата траеше подолго, пренесе агенцијата ТАСР.

Поглаварот на Римокатоличката црква се сретна и со најблиските членови на семејството на Чапутова, кои симболично му подарија леб и мед.

Претседателката на Словачка, исто така, му подари полнач за електричен автомобил, медицинска опрема за Ватиканскиот фонд, кој им помага на најсиромашните земји во светот во борбата против ковид -вирусот.

ФОТО: Profimedia