ФОТО: Потрошиле над 3.500 евра на вечера, но се побунил што ресторанот си пресметал 10% бакшиш

Еден Шпанец многу се изнервирал откако после вечерата со пријателите, на која потрошиле неколку илјади евра, ресторанот си пресметал и услуга од 10%.

Имено, Енрике Морис не можел да поверува дека ресторанот си пресметал задолжителен бакшиш од 372 евра.

Фотографијата од сметката ја споделил на социјалните мрежи, а според неа тие потрошиле 3725 евра на вечера во Марбеља.

„Марбеља е новата Ибица. Лажливци насекаде“, напишал Енрике на „Твитер“.

„Си потрошил 10 пензии на хамбургери, и сега што сакаш? Солидарност“, се вели во еден од коментарите.