Флората и фауната покрај езерото „Младост“ во Велес е целосно уништена поради денешниот голем пожар предизвикан од мајстори кои работеле на изградба на куќа.
Фотографиите направени од авион, ја покажуваат големината на штетата која е предизвикана.
На терен со пламените јазици се борат повеќе од 50 војници, екипи на ТППЕ, хеликоптери и два авиони од ДЗС кои вечерва ја прекинаа акцијата поради намалена видливост.
Според првичните информации пожарот настанал ненамерно при изградба на куќа во околината на езерото.
Од МВР за ТВ21 потврдуваат дека во полициска станица се повикани 4 лица кои се осомничени дека несвесно предизвикале пожар.