Свет

ФОТО Пожарот во Лос Анџелес проголта цела населба

ФОТО Пожарот во Лос Анџелес проголта цела населба

Повеќе од 180.000 луѓе се евакуирани, додека пожарникарите се борат со пожарот.

Пожарот што во вторникот наутро започна во областа Пацифик Палисадес во Лос Анџелес се прошири во неколку делови на градот со алармантна брзина.

За разгорување на пламените јазици придонесоа силните ветрови и многу сушната сезона, па пожарите за неколку часа се проширија од 10 до речиси 3.000 хектари.

Досега најмалку 11 лица загинаа во пожарите, околу 10.000 згради се уништени, а повеќе од 180.000 луѓе се евакуирани.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни