ФОТО Премиерот Мицкоски разговараше со Фон дер Лајен на одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на ЕПП

Премиерот Христијан Мицкоски, вечерва присуствуваше на одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија (ЕПП), значаен јубилеј кој собра лидери, претставници и сојузници од цела Европа.

Настанот беше исполнет со силна енергија, визија и заедништво, при што се истакна улогата на ЕПП како двигател на европските вредности, демократијата и стабилноста на континентот. Присуството на бројни европски лидери му даде дополнителна тежина и значење на овој јубилеј.

„Ваквите моменти потсетуваат колку е важна соработката, меѓусебната почит и заедничката определба за посилна и пообединета Европа“, истакна Мицкоски.

Присуството на македонската партија на вакви значајни настани е дел од нејзината активна улога во европската политичка заедница и потврда за долгорочната определба за интеграција и соработка на домашно и европско ниво.