ФОТО: Премиерот на Израел се заблагодари на поддршката која ја добива за нападите врз Газа, меѓу нив и Северна Македонија

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху преку твитер се заблагодари на државите чии функционери изразиле поддршка до оваа земја во нападите врз Појасот Газа. Една од земјите е и Северна Македонија. Премиерот Зоран Заев на твитер рече дека мора да престанат антисемистичките напади, мора да престане убивањето на цивилите.

– Ви благодариме што решително стоите со Израел и го поддржувате нашето право на самоодбрана од терористички напади, напиша Нетанјаху.

Иако официјалните лица на овие земји, чии знамиња ги објави Нетанјаху дадоа поддршка на Израел, сепак во голем дел од овие држави се одржуваат протести и собири против нападите на израелската армија во Појасот Газа. Пораки се испракаат од целиот свет дека насилствата и окупацијата на Израел мора да запре.

https://twitter.com/netanyahu/status/1393691936192712707
Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното